Борис Ројевиќ, тренерот на Војводина има на право на задоволство по првото коло во Европската лига. Неговиот тим славеше против Алкалоид на гостински терен со 26-31 на почетокот на сезоната.
„Честитки до Алкалоид за фер и коректна игра, сакам да им честитам на моите момци за победата. Имавме мали падови, истото ни се случи против Металопластика, имавме нереализирани шест-седум зицери, но на крајот сум задоволен од победата. Игравме против една екипа која игра добро, која го остави Вардар зад себе, има квалитет. Можеби нема искуство, но станува збор за тим кој игра полетно. Заслужено славевме. Им посакувам се најдобро во иднина“, рече стратегот на Војводина.
Во следното коло Алкалоид игра против Ла Риоха на гостински терен.