Како што „СпортСпорт“ најави уште пред еден месец, Тунижанецот Саад Ом Хени е ново коректорско име во екипата на Струмица. Нашиот одбојкарски шампион подготвувајќи го ростерот за следната сезона, веќе добие две сериозни странски засилувања, а третото е на пат.
Саад Ом Хени е нов коректор на струмичани, а во редовите на шампионот доаѓа од тунискиот клуб Сфакс. Тој му се придружи на Бен Талеб, кој се врати во Струмица откако една сезона помина во дресот на Шкендија од Тетово.
Третото интернационално засилување за Струмица пред настапот во квалификациите за Лигата на шампионите ќе биде на позицијата среден блокер, а според последните информации пред завршница се преговорите со Колумбиецот Кристиан Камило Карабали, кој треба наскоро да биде преставен во клубот.
Струмица од 27 до 29 октомври во Бургас, Бугарија, ќе учествува на турнирот од првата квалификациска рунда од Лигата на шампионите каде ќе се сретне со домаќинот Нефтохимик, како и екипите на Будва и Капошвар.
Шампионот подготвува тим за ЛШ: По Бен Талеб уште еден Тунижанец во дресот на Струмица