У-21: Надежите денеска на мегдан со Молдавија, се посакува триумф

149

 

У-21 селекцијата на Македонија денеска во Кишињев од 17 часот, ќе го одигра својот трет меч во квалифациската група –Ц. По победата над Шведска на гости и поразот од Холандија дома, избраниците на селекторот Драган Канатларовски, денеска и гостуваме на селекцијата на Молдавија. Ривал кој може и треба да се победи, но и ривал кој не смее да се потцени.

Нашите момци се веќе два дена во Кишињев, претходно во Скопје одработија повеќедневни подготовки. Ветуваат максимална борба, сериозност, посакуваат триумф против Молдавија, велат дека знаат како треба за да се освојат трите бода.

Инаку повеќе од јасно е дека сакаме нешто да сториме во овие квалификации, овој меч со Молдавија и тоа како треба да се добие. Имаме квалитет, имаме амбиции, само квалитетот треба да се покаже на терен.

ТАБЕЛА ГРУПА – Ц

1.Холандија 9

2.Шведска 6

3.Грузија 6

4.Македонија 3

5.Молдавија 3

6.Гибралтар 0

ПретходноВлета во терен за да направи фото со Роналдо (ВИДЕО)
СледноЕХФ ја смести Андреа Седлоска во идеалниот тим (ВИДЕО)