Денеска на Македонска берза се истргувани акциите на ФК Работнички. Клубот од Дебар Маало, по се изгледа, од денеска веќе има нов сопственик. Станува збор за компанијата „Џевахир“, која за 250 акции во клубот платила сума од околу 600.000 евра.
Тоа значи дека е откупена главнината на клубот, кој во иднина ќе има нова сопственичка структура.
Дали доаѓањето на новите сопственици ќе значи враќање на клубот на шампионски патеки, веројатно останува да се види веќе од оваа сезона.