Четири ѕвезди јавно се жалат, Анчелоти во проблеми

993

Нов проблем за Реал Мадрид за време на репрезентативната пауза. Причината се изјавите кои ги давале дел од играчите за време на престојот со своите национални тимови.

„Марка“ пишува дека четири фудбалери зборувале за ситуацијата во која се наоѓаат со своите клубови, не биле задоволни од начинот на кој ги третира Карло Анчелоти.

Станува збор за Родриго, Лука Модриќ, Аурелиен Чуамени и Камавинга. „Марка“ во својот текст пишува дека ѕвездите на Реал се жалат на позицијата на која ги користи Анчелоти, но и на тоа дека не се доволно важни во својот тим.

Еден дел од тесктот се однесува на Лука Модриќ за кого се тврди дека не е задоволен од улогата која ја има во „кралскиот“ клуб. Капитенот на Хрватска во десегашниот дел од сезоната за три од девет мечеви ги почна како стартер во домашниот шампионат.

„Спротивно на статусот кој го има во репрезентацијата во која ги мина сите 180 минути во поразите од Турција и Велс. Поради ваквата ситуација Хрватска сама си го искомплицира патот до ЕП“, пишува Марка.

Новинарите на овој медиум ја потенцираат ситуацијата со Родриго, кој е незадоволен од позицијата на која игра, а тоа е напаѓач.

Тој на 11 одиграни мечеви постигна само еден гол, а во своите изјави истакна дека ужива во слободата која ја има во својата репрезентација.

ПретходноЗаврши кошмарот за навивачите и фудбалерите во Брисел – успешно се извлечени од стадионот!
СледноРоналдо е вистинска машина, на 38 година е најдобар стрелец во светот