ОФИЦИЈАЛНО: Седум месеци суспензија за Фаџиоли

331

Првата пресуда за случајот обложување во Италија падна. Младиот играч на Јувентус, Николо Фаџиоли е суспендиран на седум месеци од фудбалот поради обложување. Тој призна дека учествувал во обложување на фудбалски натпревари, што е забрането во Италија, но исто така посочи дека ќе се лекува од зависност од обложување и ќе помага на другите да се справат со оваа зависност и да не западнат во неволја како него.
22-годишниот фудбалер беше сослушан неколку пати, тој се обложувал на фудбалски натпревари но никогаш на своите тимови. Обвинителството прво побарало 12 месеци забрана за фудбал, но на крајот одлучено е суспензијата да биде на седум месеци. Фаџиоли во наредните шест месеци ќе се лекува од зависност од обложување и исто така мора да се појави на 10 јавни настапи на кои ќе ја објасни ситуацијата и ќе зборува за овој проблем давајќи им совети на останатите за стапицата во која може да паднат.
Исто така ќе плати и 12,500 долари.

Следни на разгледување се случаите со Сандро Тонали и Николо Заниоло.

Тонали исто така признал зависност од обложување и ветил соработка во случајот против него. Тој ќе треба да објасни дали се обложувал на мечевите на неговиот Милан.
Случајот со Заниоло е поинаков, барем на хартија. Неговите адвокати тврдат дека Заниоло никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари туку на покер, блек џек не знаејќи дека тие апликации не биле легални.

ПретходноИмаше што да се види во Струмица: Убава игра, убава победа…(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКанатларовски и надежите загубија кај еден од најслабите во групата (видео)