Познат е составот на Алкалоид, Лазаров одбра за Војводина

228

Екипата на Алкалоид во првиот европски натпревар на домашен терен ќе ја пречека Војводина, меч кој се игра вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“. Предводникот на македонскиот вицепрвак, Кирил Лазаров го одбра составот за пресметката со првакот на Србија.

На голот на Алкалоид ќе биде тандемот Ромеро и Трајкоски, во останатиот дел нема изненадувања, Лазаров го има на располагање целиот „арсенал“ со кој се подготвуваше за оваа средба.

Билети за мечот се уште можат да се купат на мрежата на MkTickets, директен пренос ќе има МРТ и на Арена.

ПретходноСрбија во транс: Никола Јокиќ ќе ја предводи Србија на ОИ во Париз следното лето!
СледноКостески пред Загреб: Формата е во нагорна линија, дај боже да се израдуваме на првите бодови!