ПОЛУВРЕМЕ: Трајковски ја отвори незгодната Ерменија! (ВИДЕО)

480

Македонија има водство од 1:0 на тест дуелот во Струмица против незгодната Ерменија. На дожлив терен и лоши услови за игра нашата репрезентација во финишот од првиот дел стигна до посакуваната цел. Тоа беше контра на Елмас, додавање до Алекс кој кога е во гол шанса и зона на удар знае како се бие, како се тресе… Исник Алими уште во втората минута ја имаше најдобрата шанса за нашиот национален тим кога со добар удар од 20 метри опасно се закани а голманот Чанчаревиќ со крајни напори одбрани. Ерменија со три прилики за гол и тоа два иод далечина и еден на Арутинијан кој во 34 минута се најде во гол шанса. Сите три удари Шишковски ги одбрани. Селекторот Милевски како и неговиот колега од спротивната страна со комбинирани состави го почнаа овој натпревар во кој Елиф Елмас за првпат е капитен на Македонија.

Минута по минута:

2’ – Алими распали од 20 метри ниско по земја а голманот на Ерменија со крајни напори брани.

10’ – Ховханисјан со незгоден удар од 40 метри се обиде да го изненади Шишковски кој добро интервенира и ја избива топката во корнер.

26’ Ранос е во налет, во зона на удар од 20 метри бие по средината а Шишковски избива во нов корнер.

31’ Обид на Митровски од далечина но непрецизно и крај десниот дирек на Ерманија.

34’ Арутинијан е во кол шанса на 12 метри а Шишковски го бран неговиот удра по гужвата од корнерот од левата страна. 1:0

  • 42’ Елиф Елмас ја преводи контрата на Македонија, го проигрува Трајковски кој е мајстор во казнетиот простор се ослободува од чуварот и елегантмно од десетина метреи стрела во долниот десен агол на Ерманија.ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 1:0 Градски стадион „Благој Истатов“ во Струмица Гледачи: 2.000 Главен судија: Никола Дабановиќ од Црна Гора Ж. Картони: Алими, Стрелци: Трајковски 42’
  • МАКЕДОНИЈА: Шишковски, Иљазовски, Серафимов, Адеми, Муслиу, Елмас, Трајковски, Димоски, Митровски, Алими, Ристовски. Селектор: Благоја Милевски
  • ЕРМЕНИЈА: Чанчаревиќ, Харојан, Восканјан, Иву, Серобјан, Ховханисјан, Ранос, Дашјан, Тикнизјан, Арутиуниан, Бичакчјан. Селектор: Олександар Петраков
ПретходноМега – дерби на “Вембли“, балканска пресметка на “Маракана“ до истребување!
СледноАртета пикирал екс-фудбалер на Манчестер Сити