Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, му соопштил на раководството на австрискиот тим Ред Бул дека ќе го напушти тимот доколку консултантот Хелмут Марко биде принуден да го напушти на крајот на сезоната.
Според изворот, холандскиот возач не е задоволен од внатрешната борба за моќ во Ред Бул меѓу менаџерот Кристијан Хорнер и консултантот Хелмут Марко и јасно им ставил до знаење на сопствениците на тимот дека ако Марко мора да замине и тој ќе си оди.
Претходно, самиот Марко рече дека по смртта на основачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, започна борбата за прераспределба на овластувањата во тимот.