Селекторот на Германија, Јулиан Нагелсман истакна дека Илкај Гундоган и натаму ќе остане капитен на “панцерите“, дури и кога Мануел Ноер ќе се врати во селекцијата по тешката повреда.
“Илкај ќе остане капитен. Според мене најважно е да имаме континуитет“изјави селекторот на Германија за “Билд“.
Инаку Ноер беше капитен на Германија од 2016 година, а Гундоган ја преземе лентата во 2023 година.