Обложувачкиот скандал во Италија и натаму не престанува да ја бранува јавноста. Човекот од кој тргна лавината, фото-папарацото Фабрицио Корона, јавно објави уште три имиња на фудбалери кои, наводно, исто така се вмешани во обложување на фудбалски натпревари.
Корона во интервју објави дека покрај Тонали, Фаџоли и Заниоло, проблем со обложување имале и Стефан Ел Шарави (Рома), Федерико Гати од Јувентус и фудбалерот на Лацио, Николо Касале.
Засега нема конкретни информации за нивната вмешаност во скандалот, но откако се појавија и овие имиња во јавноста се очекува дополнително продлабочување на проблемот.