Џад Белингам: “Се гледам во Реал Мадрид во следните 10-15 години“!

176

По само неколку месеци во Реал Мадрид, се чини дека “кралевите“ имаат нов водач, и тоа во името на Џад Белингам. Англичанецот кој има само 20 години игра феноменално, најдобар стрелец и речиси сам на свој грб го носи тимот на Карло Анчелоти. Фановите на Реал се воодушевени, а самиот Белингам не крие дека и тој ужива како фудбалер на најголемиот клуб во светот.

Навистина уживам во фудбалот во овие моменти. Луѓето во мојот клуб и репрезентацијата ми даваат слобода да играм онака како што сакам јас. По големиот трансфер морам да ги оправдам и големите очекувања. Реал Мадрид е клуб во кој се гледам себе си и во наредните 10-15 години. Ми се допаѓа во Мадрид, доаѓањето во Реал ја унапреди мојата игра“ рече покрај другото Белингам.

ПретходноФилип Стојчевски: Сите во Брегалница сме “гладни“ за докажување!
СледноВинициус сакаше да биде како Нејмар, ама се избрука за сите пари! (ВИДЕО)