Додека Пелистер ги прави последните подготовки за утрешната пресметка со ППД Загреб во рамките на петото коло во Лигат на шампиони, во Битола се подготвуваат за она што ќе следи викендот што доаѓа.
Во салата „Боро Чурлевски“ гостува Вардар 1961, тим кој двапати го совлада актуелниот македонски првак, еднаш во Супер-купот и еднаш во во домашниот шампионат.
Билетите за оваа средба од денеска ќе бидат пуштени во продажба по цена од 200 и 250 денари.
Нема дилеми дека трибините ќе биде исполнети до последното место, се чека прва победа на Пелистер во пресметките со вечниот ривал Вардар оваа сезона.