Дебитираше за Италија па го „сотреа“ на социјалните мрежи со расистички коментари

332

 

Младиот дефанзивец Дестини Удоџи дебитираше за сениорската репрезентација на Италија на мечот со Малта, а потоа беше стартер во поразот од Англија. Удоџи е роден во Ногара, мало место во близината на Верона од родители од Нигерија. Тој има 20 години, можел да игра за Италија и Нигерија, а одбрал да настапува за „Аѕурите“.

На ФБ страницата на градот Ногара, градоначалникот постирал порака славејќи го дебито за Италија на локалниот херој. Меѓутоа веднаш беше нападнат од лавина коментари, навреди обвинувајќи го Удоџи дека не е вистински Италијанец и дека таквите како него го менуваат ликот на италијанската репрезентација, нешто што не го сакаат навивачите.

Ние сме против коментарите кои се однесуваат за бојата на кожата на Дестини. Тоа момче е од Ногара и не е прифатливо да се зборуваат такви работи за него кој е роден и израснат во мојот град. Тоа момче од Ногара го исполни сонот и дебитираше за сениорскиот тим на Италија. Пробав да откријам кој ги пишува овие коментари, па забележав дека тие навреди не се од Ногара, но едноставно ја „срушија“ нашата ФБ страница со навреди без причина. Тој е еден од нас и ние сме горди на него“, напишал градоначалникот на Ногара, Флавио Пасини.

ПретходноМегваер: Вистинските навивачи на Англија не им свират на играчите
СледноПројковска го судеше дербито ПСЖ – Ман. Јунајтед во ЛШ