И Лапорта обвинет дека поткупувал судии!

95

И сегашниот претседател на Барселона, Хоан Лапорта е обвинет како дел од истрагата за поткуп на судии. Ова го соопшти денеска обвинителството во Шпанија.

Тој досега не бил обвинет за корупција, но сега работите се менуваат. Ова доаѓа по случајот “Негреира“, кој веќе неколку месеци се поврзува со Барселона. Од правосудството на Шпанија се истакнува дека и Лапорта бил наводно вмешан, а за тоа имало и докази.

Инаку да се потсетиме дека Барселона како клуб во минатата му давала пари на поранешниот судија Негреира за судиски совети, но дали е баш така ќе се докаже на суд.

Сепак ова со Лапорта и дава нова димензија на целиот случај.

ПретходноВТОРО КОЛО ОД „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА“ НА 2WIN.MK
СледноФилип Стојчевски: Сите во Брегалница сме “гладни“ за докажување!