Селекцијата на Украина во овој октомвриски циклус освои максимални шест бода од двата меча со Македонија и Малта. Па така сега е многу блиску до пласман на ЕВРО 2024. Атмосферата во репрезентацијата е на највисоко ниво. Па така сега, по завршувањето на обврските кон репрезентацијат, Украинците се шегуваат на сметка на тоа што доаѓа, на клупските натпревари.
Па така познато е дека викендов се игра големото дерби во Премиерлигата меѓу Челзи и Арсенал.
На ова капитенот на селекцијата на Украина и фудбалер на Арсенал, Олександар Зинченко имаше што да му каже на Михаило Мудрик, инаку член на Челзи по мечот на Малта:
“Не кријам, му реков на Мудрик дека ќе му ги скинам јајцата ако во сабота ни даде гол“ малку на шега истакна Зинченко.