Јужноамериканците уште од сега, три години пред Светското првенство ги почнаа квалификациите за најголемото натпреварување. Причината за ова е специфичноста, тоа една лига со десет селекции. Па земјите од овој дел играат 18 натпревари во битката за место на Мундијалот или речиси двојно повеќе од европските репрезентации.
Бранителот на тронот дојде до четвртата победа во низа, славеше против Перу со 2-0, двата гола ги постигна Меси. Тој по овој меч го подобри рекордот по бројот на настапи (178) и по бројот на голови (106) за својата Аргентина.
Меси постави уште еден рекорд. Со погодоците против Перу дојде до 31. погодок во квалификациите за СП и со тоа го престигна својот голем пријател Луис Суарез. Сега токму Меси е најдобар стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации за СП.