Мегваер: Вистинските навивачи на Англија не им свират на играчите

120

Фудбалскиот репрезентативец на Англија, Хари Мегваер изјави дека навивачите кои му свиреле нему и на соиграчот Џордан Хендерсон не се вистински навивачи на Англија. Навивачите му свиреа на Хендерсон за време на мечот против Италија во Лондон, во квалификациите за ЕП 2024 и на пријателскиот меч против Австралија во петокот.

„Вистинските навивачи на Англија не им свират на играчите. Не им свират на играчите кои ги посветија животите и направија се што можат оваа држава да има убави спомени и посебни моменти“, изјави Мегваер за „Би-би-си“.

Хендерсон во текот на кариерата во Ливерпул ја поддржувал ЛГБТ заедницата, а некои активисти и некои навивачи го критикуваа затоа што отишол во Саудиска Арабија (игра за Ал Етифак) каде што се забранети истополните бракови.

ПретходноМЗТ поразен во Битола: Пелистер ја прослави првата победа
СледноДебитираше за Италија па го „сотреа“ на социјалните мрежи со расистички коментари