Актуелниот светски шампиони, Аргентина ја запиша четвртата победа во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Откако славеше против Еквадор (1:0), Боливија (3:0) и Парагвај (1:0), дојде до триумф над Перу од 2:0, па после четири кола има максимални 12 бода и 7:0 гол разлика.
Лионел Меси беше двојниот стрелец во новиот триумф на својата земја (32′, 42′).
“Мислам дека овој тим е импресивен, продолжува да расте. Имаме одлични играчи, имаме многу посебен стил на игра кој не идентификува. Да се надеваме дека ќе продолжиме по тој пат.
Тимот е импресивен и продолжува да расте, секој пат игра подобро. Споредба со Барселона на Пеп? Таа Барселона е најдобриот тим во историјата, нели? Мислам дека оваа Аргентина е тука некаде по сето она што го покажа. Ние сме шампионите на Америка и светот“, изјави Меси.
Неговата репрезентација одигра 50 натпревари во последните четири години и загуби само еднаш – од Саудиска Арабија во Катар.