Нагелсман нема да му ја врати капитенската лента на Ноер!

167

Селекторот на Германија, Јулиан Нагелсман истакна дека Илкај Гундоган и натаму ќе остане капитен на “панцерите“, дури и кога Мануел Ноер ќе се врати во селекцијата по тешката повреда.

Илкај ќе остане капитен. Според мене најважно е да имаме континуитет“изјави селекторот на Германија за “Билд“.

Инаку Ноер беше капитен на Германија од 2016 година, а Гундоган ја преземе лентата во 2023 година.

ПретходноНачевски и Николов ќе го судат дербито Е. Пелистер – Вардар
СледноСтруга ТЛ потпиша нови договори со Радески и Радиќ