Сите натпревари од 11.коло во ПМФЛ се играат во недела, саботниот термин е резервиран за второлигашите!

534

По две недели пауза, претстојниот викенд ќе се играат натпреварите од 11.коло во ПМФЛ. Интересно, сите се играат во недела, нема да има саботни дуели во нашата елитна лига. Инаку ТВ пренос ќе има од соседското дерби меѓу Работнички и Вардар кое се игра на “Борис Трајковски“ во Скопје, и тоа од 14 часот. Уште два меча има во Скопје во истиот термин. Во Ѓорче гостува шампионот Струга ТЛ, а на Чаир домашниот Шкупи ја пречекува Брегалница. На останатите три средби во недела се среќаваат Силекс – Тиквеш, Гостивар – Воска и Шкедија – Брера Струмица.

Саботниот термин од 14 часот е резервиран за сите осум средби од Втората лига.

ПретходноСтрашно обвинување: „Бензема соработува со терористи“! (ВИДЕО)
СледноОд многу приказни на крајот тешка „нула“