Ракометната федерација на Македонија денеска ги објави судиите за натпреварите од 8. коло во Супер лигата. Најочекуваниот дуел в недла меѓу шампионот Е. Пелистер и Вардар ќе го суди нашата најдобра судиска двојка, Начевски – Николов.
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, по подолго време ќе судат натпревар меѓу двата ривали, откако последниот дуел во ривалите во Супер лигата го судеа Димитар и Дејан Георгиевски.
Натпреварот меѓу Е. Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за в недела од 18 часот.