Познато е дека Сан Марино е најслабата селекција во Европа. На 84 мечеви во квалификациите за ЕВРО, оваа селекција загубила досега дури 83 пати, има само едно реми. Оваа селекција во квалификациите за ЕВРО немаше постигнато гол дури четири години, поточно на последните 12 меча. И тогаш дојде дуелот со Данска.
И тогаш дојде 61.минута при водство на Данците, фудбалерот на Сан Марино, Алесандро Голинучи постигнува гол за 1:1. Следува невидено славје, можеби со право ако се знае дека четири години се чекаше овој гол. Без разлика што Данска овој меч го доби со 2:1, сепак голот на Голинучи ќе се памети во Сан Марино.
Me enamoré del fútbol por dos cosas, por la pasión que me transmitió mi padre y por la volea de Golinucci. pic.twitter.com/SYXpfMG40y
— Momento Moai // 1:31.447 (@momento_moai) October 17, 2023