Само два месеци откако се пресели од ПСЖ во Саудиски Ал Хилал за половина милијарда евра и се врати од бројните повреди, Нејмар повторно се соочува со голем проблем.
На натпреварот Уругвај – Бразил (2:0) во квалификациите за СП 2026 година, се здоби со нова повреда при дуел со противникот. Се струполи на терен и заплака.
Беше јасно дека не може да продолжи. Плачејќи го изнесоа од теренот на носилки. Првите извештаи од експертите велат постои сомневања дека се работи за вкрстените лигаменти на коленото на левата нога и менискусот.
Операцијата изгледа неизбежна. Доколку тоа се случи, Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци. Тоа значи дека за него сезоната е завршена, но и дека ќе ја пропушти Копа Америка.
Neymar stretchered off in tears after an injury nearing halftime of Uruguay-Brazil.
This was the play that took Neymar out.
He was later seen hobbling to the locker room helped by someone. pic.twitter.com/iHmSHR4gUb
— Nico Cantor (@Nicocantor1) October 18, 2023
Neymar Jr was stretchered off in Brazil vs. Uruguay. Concern here is for an ACL injury (+/- meniscus). Knee valgus (inwards), and tibia shift seen. If confirmed, surgery is necessary.
Recovery time: 6-9 months+
Copa America in 8 months time. Fingers crossed.#Conmebol #Neymar pic.twitter.com/jlxR6CytVX
— Physio Scout | Football Injury Analysis (@physioscout) October 18, 2023