Србија на домашен терен ја совлада Црна Гора со 3-1. На одморот фудбалерите на нашиот северен сосед имаа нерешен резултат, па публиката ги испрати со свирежи. По мечот оваа ситуација ја коментираше Драган Стојковиќ – Пикси.
„Свирежи? Луѓето се нестрпливи. Мечот трае 90 минути, а не 45 минути. Мора да го научат тоа, ниту еден од играчите не заслужува свирежи, даваат се од себе, се борат за својата земја. Тие свирежи повеќе не сакам да ги слушнам“, изјави Пикси.
Србија која се најде на чекор до ЕУРО 2024 година, во следниот циклус има еден меч со Бугарија. Со бод Пикси и неговите момци ќе завршат работа.
„Математички за Црна Гора и натаму не е готово. За нас е готово. Најдобро е Бугарите да ме сопнат, но нема да може да го направат тоа. Таа опција не постои. Не сакам ниту да размислувам за тоа. Подобро почнете навреме да ги разгледувате хотелите во Германија за да не биде доцна “, изјави српскиот тренер.