Срна стана тренер на Шахтјор и порача: Не сум Гвардиола, но…

269

По отказот на холандскиот тренер Патрик ван Лојвен, тренерската палка во Шахтјор Доњецк ја презема Даријо Срна, кој исто така е спортски директор на клубот. Хрватскиот тренер зборуваше со тимот и порача:

Да знаете дека не сум Гвардиола. Ќе ви го пренесам она што го знам во фудбалот. Сакам лојалност, слобода и добра атмосфера. Само тие кои сакаат, почитуваат и се спремни да се борат ќе играат. Ако видам некој да не трча – веднаш ќе го заменам.

Знам да се шегувам, знам да се дружам, но од сега сакам секој од вас да ме почитува и да го почитува и клубот и да ја разбере големината на Шахтјор. Оние што нема да задоволат нема да играат или ќе си одат. Јас одлучувам кој ќе игра, кој ќе остане. Почнуваме со работа и одиме по успеси“, изјави Срна.

Шахтјор моментално е трет на табелата со 18 бодови по 9 одиграни кола. На последните два меча запишаа реми со Рук и пораз дома од Ворскла.

Срна долги години беше играч на Шахтјор и нивен капитен.

 

ПретходноПСЖ го доби дербито со Алборг, Целје 13-ти пат по ред е поразен од Барса
СледноБартомеу, Росел и Лапорта се обединуваат во одбрана за случајот „Негреира“