Фаџоли: Должев 2,7 милиони евра, ми се заканија дека ќе ми ги скршат нозете!

719

Николо Фаџоли откри детали од случувањата со обложувањето за кое ќе биде под суспензија 7 месеци, ќе треба да плати 12.500 евра и да помине програма за рехабилитација. Дополнително, тој ќе мора да ги сподели своите искуства со најмалку десет различни аматерски спортски организации и групи за поддршка на зависност од коцкање.

Тутоспорт објави и дел од деталите од неговото сведочење.

„Секој фудбалер кој на почетокот има многу слободно време на крајот ја доживува возбудата на коцкањето за да ја надмине здодевноста. По тренингот наутро, потоа се обложувате за да ја убиете здодевноста. На почетокот се беше само забава, но со текот на времето се најдов во состојба на стрес предизвикан од долгови“, изјавил Фаџоли.

„Отидов на лекување неколку пати, но имав илузија дека можам и без тоа. Играв опсесивно на секој спортски настан – дури и Серија Б и Лега Про. Дополнително, има и облози на фаули и жолти картони и тоа ми го предложија, но јас не прифатив, бидејќи тоа е спротивно на мојата етика. Сандро Тонали ми предложи да играм на нелегален сајт. Го видов како игра и прашав што прави. Ми рече дека можам и јас бидејќи нема трага од обложување. И ме натера да се регистрирам. Прво игравме тенис, а потоа фудбал. Најлошиот период беше меѓу март и април 2023 година. На натпреварот Сасуоло – Јувентус направив техничка грешка и бев заменет. Кога излегов плачев поради долговите, не поради замената. Во септември 2022 година должев 250.000 евра, а потоа долгот се зголеми на 2,7 милиони евра“, признал Фаџоли.

Тој исто така признал дека позајмувал пари од фудбалери за да врати дел од долговите.

„Побарав од Федерико Гати 40.000 евра, но му реков дека треба да купам часовник и дека мајка ми ми ги блокирала сметките. Раду ми позајми 40.000 за да го платам долгот. Купив вредни Ролекси во Милано. Понекогаш сам ги доставував часовниците, понекогаш сопствениците на обложувалниците доаѓаа да ги земат од златарите. Сакам да нагласам дека имам намера да ги вратам сите пари што ги позајмив и сите заеми што ги подигнав. Не спиев ноќе. Колку повеќе минуваше времето, толку повеќе ме прогонуваше долгот. Износот на пари што требаше да го вратам постојано се зголемуваше. Лихварите ми рекоа дека ќе ми ги скршат нозете. Се обложувам на фудбалски натпревари и тенис. Почнав во летото 2021 година. Не прашав дали тие сајтови се легитимни или не. Беше забавно. Од јануари 2022 година сум под стрес поради наталожени долгови“.

ПретходноНевидено славје: Она кога ќе постигнеш гол дури по четири години! (ВИДЕО)
СледноГлавоболки за Покетино: Против Арсенал, Челзи останува без осум повредени играчи