Шестминутна „суша“ на Црвена Звезда за пораз од Монако

179

Кошаркарите на Црвена Звезда го забележаа вториот пораз сезонава во Евролигата откако вечерва на домашен терен загуби во дуел со Монако со 76-82. После 35 минутна рамноправна борба српскиот шампион во завршницата остана без решение, а Монако тоа го искористи. Во последните шест минути „црвено-белите“ не постигнаа ниту еден поен, а Французите го свртеја резултатот во своја полза и на крајот победија.

Тоа е прва победа на францускиот преставник оваа сезона, за скор од 1-2 додека Звезда го доживеа вториот пораз и има ист ефект како Монако.

Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Звезда, Гиедраитис со 20 поени, Недовиќ стигна до 15. Мајк Џејмс од Монако реализираше 18 поени и 11 асистенции.

Вечерва: Валенсија-Макаби ТА 75-66 и Виртус-Алба 87-76.
Утре играат Фенербахче-Лион, Олимпијакос-Партизан, Басконија – Жалгирис, Реал Мадрид-Милано.

 

 

 

ПретходноПројковска го судеше дербито ПСЖ – Ман. Јунајтед во ЛШ
СледноПСЖ го доби дербито со Алборг, Целје 13-ти пат по ред е поразен од Барса