Шокантно: Тонали се обложувал на мечеви на Милан и кога бил негов фудбалер!

259

Нова димензија има во случајот “обложување“ кога станува збор за Сандро Тонали, репрезентативецот на Италија и член на Њукасл, инаку до пред некој месец фудбалер на Милан. И токму Милан е “поврзан“ со обложувањето на Тонали. Имено фудбалерот како член на овој клуб се обложувал на натпревари на кои играле “росонерите“, иако тој се “вади“ дека тоа го правел само кога не бил на теренот.

Навистина шокантно, а за ова Тонали може да добие суспензија од една година.

Газета дело Спорт“ утринава на насловната страна ја пласира оваа инфромација и предвидува голема казна, уште поголема од онаа Фаџоли кој е казнет со 7 месечна забрана за играње. Без разлика што Тонали се правда дека се обложувал на својот клуб само кога не играл, односно кога не бил на терен.

ПретходноБитола се подготвува за Вардар!
СледноСтрашно обвинување: „Бензема соработува со терористи“! (ВИДЕО)