Барса објави оглас за вработување со цел да ги намали повредите!

213

Ете, и тоа го има во Барселона, во еден од најголемите клубови во светот. Имено раководството на клубот објави оглас за вработување на фитнес – тренер или кондициски тренер, се со цел да се намалат повредите. А познато е дека од стартот на сезоната стратегот Чави Ернандез има и тоа какви проблеми се повредните на своите играчи.

Фотографијата од самиот оглас како реклама оди во локалниот весник “Спорт“.

Интересно е тоа што засега се пријавиле 246 кандидати, а кој ќе го добие тоа работно место допрва ќе се види.

Инаку познато дека дел од јавноста смета дека главен проблем се кондициските тренери на каталонскиот гигант, тие не си ја вршат својата работа па затоа сега преку оглас се бара лице со адекватно знаење.

ПретходноВерстапен му се закани на Ред Бул: Ако си оди Марко, си одам и јас!
СледноМЗТ поразен во Битола: Пелистер ја прослави првата победа