Маурицио Покетино глава не може да крене од повреди во екипата на Челзи. По завршувањето на репрезентативните обврски, а во пресрет на големото градско дерби со Арсенал, „сините“ имаат нови главоболки.
На веќе повредените Бен Чилвел, Кристофер Нкунку, Ромео Лавија, Весли Фофана и Маркус Бетинели, сега им се приклучител уште тројца: Рис Џејмс, Тревох Чалоба и Карни Чуквуемека.
Капитенот Џејмс е под голем сомнеж за настапот на мечот со „Топчиите“, откако доживеа нова повреда и сега тренира сам. Покетино се надеваше дека Џејмс ќе се врати на тренинзите со целосен интензитет по паузата поради повредата здобиена на воведниот натпревар против Ливерпул во август, но тоа нема да се случи викендов.
Во меѓувреме, Чуквуемека беше на клупата во победата од 4-1 над Барнли по повредата на коленото што ја заработи во август, а сега 19-годишниот играч повторно има болки во коленото и се стравува од повторување на претходната повреда. Слична е и ситуацијата со Чалоба, кој повторно е на рехабилитација.