Дибиров: Пелистер ќе изненади некого, се надевам нема да бидеме ние!

233

Пелистер утре на гости кај ППД Загреб ќе ја бара првата победа оваа сезона. Хрватскиот тим го пречекува со нов тренер на клупата, Ненад Шоштариќ, и исто со една желба да ги освои сите бодови и да продолжи кон целта – пласман во следната рунда.

ППД Загреб успеа да земе дел од ракометарите на Вардар. Еден од нив е Тимур Дибиров, кој после девет години минати во Скопје се пресели во хрватската престолнина.

Погледајте ги нивните неколку меча. Не е лесно за дебитант како Пелистер да стартува во Лигата на шампионите, што се виде на нивниот прв натпревар со Колштад на домашен терен, направија многу грешки, беа премногу нервозни. Во последните два натпревари имаат голем напредок, против ПСЖ одиграа коректно. Пелистер направи промени оваа сезона, зеде добри странци и добри млади Македонци. Ние, пак, сме во добра форма, но нема место за еуфорија и не смееме да летаме во облаци. Крајната цел е да се помине групата, но останува да се концентрираме само на следниот ден, на следниот тренинг и на следниот натпревар.

Не е лесно да се игра кога си фаворит на хартија, ако не го потврдиш тоа на терен. Кога играме на домашен терен, мораме да покажеме дека тоа е нашата сала, нашите навивачи и дека ние сме „газдите“. Но, овие работи се прават на терен. Нема слаб тим во Лигата на шампионите. Мислам дека Пелистер ќе изненади некого, само се надевам дека нема да бидеме ние. Секоја почит до сите, но ние во „Арената“ целиме на два бода против сите и така ќе биде и во четврток. Максимално сме мотивирани да го вратиме Загреб онаму каде што му е местото во елиминацискиот дел од натпреварувањето“, рече Дибиров пред мечот. 

ПретходноЛионел Меси влезе во историјата на квалификациите за СП (ВИДЕО)
СледноМеси: Барса на Пеп е најдобриот тим во историјата, Аргентина е близу!