Пројковска го судеше дербито ПСЖ – Ман. Јунајтед во ЛШ

712

Македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска со своите помошнички Вјолца Изеири и Елена Шоклевска-Илиевски ја делеа правдата на дербито во квалификациите за пласман во групите на женската ЛШ помеѓу тимовите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Првиот меч во Манчестер заврши 1:1, а вечерва на реваншот во Париз домаќинките славеа со 3:1 и изборија место во групите.

Четврта судијка беше Ирена Велевачковска. Мечот беше чист, нашата судијка не покажа ниту еден картон.

Ова е првиот меч сезонава во ЛШ за Пројковска. Минатата сезона ја делеше правдата на три натпревари: Лион-Арсенал, Росенгард-Бенфика и Баерн – Арсенал.

Пројковска е рангирана меѓу најдобрите 20 женски фудбалски судијки во Европа.

 

ПретходноДебитираше за Италија па го „сотреа“ на социјалните мрежи со расистички коментари
СледноШестминутна „суша“ на Црвена Звезда за пораз од Монако