Начевски и Николов ќе го судат дербито Е. Пелистер – Вардар

147

Ракометната федерација на Македонија денеска ги објави судиите за натпреварите од 8. коло во Супер лигата. Најочекуваниот дуел в недла меѓу шампионот Е. Пелистер и Вардар ќе го суди нашата најдобра судиска двојка, Начевски – Николов.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, по подолго време ќе судат натпревар меѓу двата ривали, откако последниот дуел во ривалите во Супер лигата го судеа Димитар и Дејан Георгиевски.

Натпреварот меѓу Е. Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола е закажан за в недела од 18 часот.

ПретходноКапитенот на Украина до Мудрик: “Ќе ти ги скинам ја**ата ако ни дадеш гол во сабота“!
СледноНагелсман нема да му ја врати капитенската лента на Ноер!