Првакот на два теста: Денеска во Битола, сабота кај Работнички!

121

По завршувањето на обврските во АБА2-лига македонските тимови се вртат кон домашните обврски, а тука токму Пелистер и МЗТ Скопје повторно ќе ги одмерат силите.

Битолчани денеска (18:30 часот) се домаќини на актуелниот македонски првак. Ова ќе биде шанса за избраниците на Дарко Радуловиќ да покажат подобра игра од дуелот во АБА2-лига и воедно да му се реваншираат на МЗТ Скопје за поразот.

Пелистер не ја почна сезоната како што очекуваше, беше поразен на гости кај Гостивар и на домашен терен од Работнички. На другата страна пак МЗТ Скопје стартуваше со две победи против Кожув и Гостивар, па пред дербито со Работнички ќе сака да дојде до нова победа и со уште поголема самодоверба да влезе во вечната пресметка.

Последниот дуел од третото коло меѓу Пелистер и МЗТ Скопје ќе биде директно пренесуван на МРТ.

ПретходноПикси со порака: Бугарите ќе сакаат да ме сопнат, но таа опција не постои
СледноИталијанците во „тесно“, Македонија пак може да им пресуди: Не се плашиме!