Струга ТЛ потпиша нови договори со Радески и Радиќ

470

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денеска и официјално потврди нова соработка со двајца свои стандардни првотимци. Повремениот македонски репрезентативец Марјан Радески и српскиот интернационалец Сава Радиќ, денеска се обврзаа на верност кон стружани до 2025 година.

28-годишниот Радески кој годинава е прв голгетер на тимот со пет постигнати гола во Струга ТЛ пристигна минатата зима, па сега реши да потпише нов договор кој ќе го задржи во клубот до јуни 2025 година.

Истиот чекор го нправи и 25-годишниот српски централен бек Радиќ, кој во Струга ТЛ дојде од струмичка Брера (поранешна Академија Пандев) во јануари 2022 година.

ПретходноНагелсман нема да му ја врати капитенската лента на Ноер!
СледноУште тројца фудбалери од Серија А обвинети за нелегално обложување