Филип Стојчевски: Сите во Брегалница сме “гладни“ за докажување!

106

Во недела во меч од 11.коло во ПМФЛ, Брегалница ја чека тешко гостување, и тоа на Чаир кај Шкупи. Тим кој што во последно време со стратегот Младен Жижовиќ игра добро и освојува бодови.

Сепак од таборот на штипските „сини“ велат дека на Чаир нема да одат со бело знаме.

Дефанзивецот на Брегалница, Филип Стојчевски пред овој натпревар изјави:

Се разбира дека ова ќе биде исклучително тежок натпревар. Но, колку ќе биде тежок за нас исто толку ќе биде и за домашниот состав. Ние фативме добар ритам, поврзавме два меча со добри игри и позитивни резултати. Сепак не се задоволуваме со тие два меча, ние сме `гладни` за добри игри и за докажување. Атмосферата во соблекувалната е одлична, здравствениот билтен е поволен, значи целиот ростер ќе се бори за место во првиот тим“ рече покрај другото Стојчевски.

ПретходноИ Лапорта обвинет дека поткупувал судии!
СледноЏад Белингам: “Се гледам во Реал Мадрид во следните 10-15 години“!