Поранешниот претседател на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу ги повика претседателите на Барса да се обединат против случајот Негреира.
Истражниот суд во Барселона, предводен од судијата Хоакин Агире, кој го води случајот Негреира, бараше каталонскиот клуб да биде обвинет за поткуп.
Обвинети се и самиот Хозе Марија Хенрикес Негреира, неговиот син, како и поранешните претседатели на каталонскиот клуб Бартомеу и Сандро Росел, заедно со сегашниот Лапорта. Одлуката за предметот ќе ја донесат 9 поротници.
„Со оглед на новата ситуација со случајот Негреира, би било пожелно клубот да ги усогласи заедничките и видливи постапки на тројцата претседатели кои во моментов се под истрага. Обемот и досегот на случајот во медиумите бара единство и издржливост во интерес на честа, имиџот и одбраната на вредностите на ФК Барселона, што ќе ја зајакне вербата на нашите партнери и навивачи. Таков обид веќе беше направен на почетокот на овој процес, во февруари 2023 година, а неодамна и поранешниот претседател Сандро Росел не повика да се сретнеме за да ги оставиме зад себе споровите кои никогаш нема да бидат во корист на нашиот клуб“, изјави Бартомеу.