И дефинитивно, иако веќе неколку месеци е во фудбалска пензија, Златан Ибрахимовиќ е вест сам по себе. Посебно кога говори за пари, за своите некогашни соиграчи или ривали, или пак тренери.
Па така сега дојде на ред и Кристијано Ронало, еден од најдобрите фудбалери во историјата. Човекот кој го направи ооној историски трансфер во С. Арабија за 200 милиони евра плата на годишно ниво.
Токму за тоа Златан говореше во дел од своето интервју кај Пирс Морган.ж
Посебно удри по Роналдо, едноставно го понижи како никој досега.
“Не можеш да паднеш на тоа ниво и тогаш да ја завршиш својата кариера. Па, добро, уште колку пари сакаш да заработиш? Јас можам да ги разберам играчите кои одат таму ако веќе не заработиле доволно. Тука нема дилеми. Но што е со останатите? И јас имав понуди од Кина и С. Арабија за многу пари. Но тоа не ми беше целта. Секогаш сум сметал дека големите играчи треба да ја завршат кариерата во големи клубови. Луѓето треба да ги паметат како големи играчи, а не по тоа колку заработиле“ посочи Ибрахимовиќ.
Се разбира дека сега на ова се чека одговор од самиот Кристијано Роналдо.