Изненадување или не, Мароко ќе има повеќе стадиони за СП 2030 година од Португалија, открива шпански „АС“. Двете страни, заедно со Шпанија ќе го преземат домаќинството за седум години, а членовите на Организацискиот комитет преговараат за распределба на натпреварите.
Како што е познато, првите три меча ќе се одиграат во Уругвај, Аргентина и Парагвај, а потоа Мундијалот се сели во Европа и Африка. Со сигурност останатите 101 натпревар ќе се одиграат на 18 стадиони. До денеска паднал договор Шпанија да има десет стадиони, Мароко да има пет, а останатите три Португалија.
Шпанците посакале 11 стадиони, но тоа не им се допаднало на Португалците кои се пожалиле дека така ќе има огромна диспропорција. Мароканците настојувале за повеќе – шест, но на крај ќе се задоволат со пет. Тоа е добра варијанта за Мароканците затоа што во првичниот проект требало да добијат четири.
Нема да е изненадување ако финалето ќе се одржи на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид. Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта е задоволен што „Ноу Камп“ ќе организира едно од полуфиналињата.
Мароко исто така го посакале финалето, но немале поддршка. Мароко ќе ги реновира стадионите во Рабат, Маракеш, Агадир, Фес и Танжер за споменатиот Мундијал. Инаку ова африканска држава ќе биде домаќин на Купот на африканските нации во 2025 година.
Инаку претходно неколку фудбалски работници, сегашни и поранешни, реагираа на оваа луда идеја на ФИФА за СП 2030 година на три континенти.