Стручниот штаб и тренерот на македонската кадетска ракометна репрезентација Наум Танески, го објави скратениот список на повикани ракометари за настапот на ракометниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
За разлика од првиот список на кој имаше 41 ракометар, новиот скратен список има 24 имиња.
„Трофејот Карпати“ ќе се оддржи во Плоешти, Романија во период од 25.10 до 29.10.2023 година, а на турнирот покрај нашата кадетска репрезентација ќе учестуваат и репрезентациите на Египет, Црна Гора и Романија.
Собирот на ракометарите е закажан на ден 23.10.2023 година (понеденик) со почеток во 10:00 часот во СС Автокоманда.