Тиквеш се врати на победите, совладани младите пелистерци

83

Екипата на Тиквеш се врати на победите во Суперлигата по поразот од Алкалоид минатото коло. Кавадарчани на гостински терен славеа триумф над Еурофарм Пелистер 2 со 27-32 и со тоа ја запишаа седмата победа сезонава во осум кола.
Тиквеш отиде со +3 разлика на полувреме (13-16). Во вториот дел го контролираше и натпреварот и резултатот и на крајот заслужено победи.
Кај гостите најдобри стрелци беа Страхиња Симиќ и Мирко Мајиќ со по седум голови, кај Пелистер Мирче Калајџиовски даде пет, а Митревски и Хаџиќ по четири.

ПретходноТонали на терен дури во 2025 година!?
СледноАлександер-Арнолд, Мата и Џошуа се нови акционери во Ф1 тимот на Алпин