Александер-Арнолд, Мата и Џошуа се нови акционери во Ф1 тимот на Алпин

153

Инвестициската компанија Отро Капитал најави влез на нови ѕвезди кои инвестирале свои средства во Формула 1 тимот на Алпин.

Во текот на летото, компанијата најави купување на 24 отсто од акциите на Алпин за 200 милиони евра од страна на холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени.

Сега неколку познати спортисти се приклучија во истата инвестициската група, па и тие имаат свој удел во Ф1 тимот на Алпин. Станува збор за одбранбениот играч на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, светскиот и европски фудбалски шампион со шпанската репрезентација Хуан Мата, боксерскиот шампион Ентони Џошуа, како и двајца играчи од тимот на Канзас Сити Чифс од НФЛ лигата.

ПретходноТиквеш се врати на победите, совладани младите пелистерци
СледноСтојановиќ го објави списокот на ракометари за пријателските мечеви со Турција