Според “Билд“, германскиот гигант го стори тоа и што го најави. Имено раководството на Баерн Минхен го избркал фудбалерот кој пред неколку дена и даде поддршка на Палестина во војната меѓу Хамас и Израел.
Нусар Мазрауи, интеренационалацот од Мароко не бил на утринскиот тренинг, а според “Билд“ него му е кажано дека во јануари може и официјално да си побара нов клуб, барем така било договорено на состанокот од пред некој ден.
Дотогаш тој нема да тренира со првиот тим и да игра официјални натпревари.
Ова е еден од оние случаеви во кои клубовите во Европа ги бркаат своите играчи кои веќе дале било каква поддршка на Палестина односно на Хамас.