Вчера и официјално беше пуштен во употреба старо-новиот дом на младинската школа на ФК Вардар „Кирил Симоновски-Џина“ , кој се наоѓа во населбата Аеородром, спроти СЦ „Јане Сандански“. Со присуство на познати фудбалски имиња и децата кои се дел од академијата на клубот, кои одиграа меѓусебни натпревари на теренот во Аеродром и официјално беше најавен стартот на работата на центарот.
Свое обраќање на настанот имаше и градоначалникот на општината Аеродром, Тимчо Муцунски, кој заедно со своите соработници, помогнаа Вардар повторно да има свој дом, каде ќе тренираат и играат натпревари младинските екипи.
„Ова е само почеток на враќањето на стариот сјај на школата, која ја красеше пред неколку години, кога Вардар дефинитивно имаше најдобара младинска Академија во Р. Македонија, која речиси и да беше шампион во секоја возрасна генерација. Сведоци сме на успеси кои продолжуваат и понатаму и кои само ќе растат во наредниов период“, порачуваат од клубот.