Драмата во Евролига вечерва беше во Атина, а таму Олимпијакос и Партизан мораа да одиграат дополнителни пет минути за да го дадат името на победникот. На крајот грчкиот тим ја искористи својата шанса и славеше со 98-94.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа убава предност пред стартот на последната четвртина, водеа со 54-67 благодарение на серијата од 5-26. Но, во решавачките десет минути паднаа, Олимпијакос успеа да изедначи (85-85) со звкуот на сирената со тројката на Нанали. Во дополнителните пет минути, грчкиот тим успеа да дојде до втората победа.
Ларенцакис со 19 поени беше лидер кај победникот, кај Партизан Зек Ледеј постигна 18, а Кевин Пантер имаше 17 поени.
JAMES NUNNALLY takes it to OT in Greece 🎯🤯@PartizanBC #MagicMoment pic.twitter.com/qs10SKnKSl
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 19, 2023
Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Асвел на домашен терен со 101-86 во четвртото коло во Евролига. На почетокот се чинеше дека гостите можат да дојдат до првиот триумф оваа сезона, имаа предност од 43-24 во втората четвртина, но домаќинот со фуриозна трета четвртина (30-15) направи пресврт, а потоа во последните десет минути ја потврди својата победа.
На овој начин Асвел остана на дното на табелата. Вилбекин имаше 18 поени, додека Биберовиќ 17 кај победникот. На другата страна Џексон реализираше 25 поени, премалку за победа.
На останатите средби, Жалгирис славеше кај Басконија со 82-99, додека пак Реал Мадрид беше убедлив против Милано со 88-71.