Е. Пелистер во Загреб пред нов голем предизвик за први бодови во ЛШ

137

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер денеска во Загреб ги продолжува настапите во дебитантската сезона од Лигата на шампионите. Нов предизвик за први бодови за битолските „зелено-бели“ ќе биде хрватскиот шампион Загреб, кој е редовен учесник во групната фаза на најквалитетното европско клупско натпреварување, но и еден од тимовите во групата против кого „пелистерци“ реално треба да се надеваат на бодови.

Иако стартот на сезоната не донесе многу насмевки на лицата на навивачите на Е. Пелистер, сепак, последните два меча покажаа дека тимот може достојно да се бори и со најсилните во лигата. За први бодови денеска ќе му треба малку повеќе од среќа, со оглед на тоа што Загреб по првите четири кола веќе оствари една победа и едно реми и собра три бода кои го оставаат во групата на шест тима кандидати за следната фаза.

Избраниците на Александар Јовиќ ќе дадат се од себе за да дојдат до првите бодови во најквалитетното европско натпреварување.

„Во седум дена не чекаат три тешки средби. Првата е оваа со Загреб на гости. Формата оди во нагорна линија, ќе се обидеме да ги отстраниме грешките кои ги нправивме на минатите средби на кои не успеавме да оствариме подобри резултати. Тие грешки ни се случуваа поради неискуството. Загреб во минатите сезони менуваше по 3-4 тренери во сезона и не гледам причина дека и оваа смена ќе ги поремети. Тие се добар тим, добар склоп на млади и искусни играчи, но следи тежок натпревар и за нас и за нив. Растеме како екипа, но за нешто повеќе треба да ги намалиме грешките. Со загреб ќе бркаме прва победа во Лигата на шампионите, па потоа ни следуваат Вардар и Киелце“, вели тренерот на Е. Пелистер, Александар Јовиќ.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноСалах со видео порака повика на итен прекин на „масакрите во Газа“
СледноТанески го скрати списокот за „Трофеј Карпати“