Ал Хилал сигурно е разочаран од сериозната повреда на Нејмар, но за неговото долго отсуство од терените, сепак, ќе добие солидна компензација од ФИФА. Бидејќи Нејмар се повреди на репрезентативен меч од квалификациите за СП 2026, ФИФА ќе мора да исплати отштета кон неговиот клуб, а таа, според познавачите на приликите, нема да биде воопшто мала.
Според Essentially Sports, ФИФА ќе исплати дарежлива отштета која може да достигне и осум милиони. Условот за компензација е пауза оа најмалку 28 дена, а во случајот на Нејмар тој ќе паузира и до 6 месеци.
„ФИФА ја покрива штетата најмногу една година, а износот на обештетувањето достигнува 7,5 милиони евра, ако максималната сума за ден пауза на играчот е 20.548 евра“, велат експертите.