Колштад дојде до голема победа во својата дебитанска сезона во Лигата на шампиони. слави голема победа. Норвешкиот тим кој се бори со финансиска криза на домашен терен го совлада Кил со 34-30 нанесувајќи му го првиот пораз оваа сезона.
Во центарот на вниманието беше Сандер Сагосен. Против својот некогашен тим немаше милост. Норвешкиот репрезентативец постигна осум гола од девет обиди, заедно со Гудјонсен кој запиша десет погодоци беа нерешлива енигма за противникот. Во редовите на Кил, Екберг постигна десет гола, премалку за победа.
Sander Sagosen 🇳🇴 no mercy 💪for his former club.#CLM #ehfcl #DareToRise pic.twitter.com/RmZUyw9qlX
— EHF Champions League (@ehfcl) October 19, 2023
Со победата број три, Колштад е на третото место во групата А, каде ПСЖ е лидер пред Кил. ППД Загреб се искачи на четвртото место пред Алборг, кој има исто пет бодови, следат Кјелце и Пик Сегед, кој во овој момент ја почнуваат пресметката.
Во групата Б, Веспрем славеше против Висла Плоцк со 28-21.
ФОТО: eurohandball