Комплетното прво коло во новата одбојкарска сезона ќе се одигра во сабота

120

Викендов со натпреварите од 1. коло, стартуваат новите одбојкарски првенства во машка и женска конкуренција. По одличното лето со настапи на нашите репрезентации и на европското првенство и во Европските лиги, одбојкарите и одбојкарките се враќаат со клупските обврски.

Годинава најелитното одбојкарско друштво во машка конкуренција ќе брои 12 клубови и треба да донесе уште еден интересен и уште поизрамнет шампионат во кој титулата ќе ја брани екипата на Струмица. Сите шест средби од премиерната рунда се закажани за в сабота.

Кај дамите во Првата лига годинава меѓу 8-те најквалитетни состави титулата ја брани Работничи, а како и кај мажите, и кај жените сите дуели од 1. коло ќе ги одиграат во сабота.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

1 КОЛО (САБОТА)

15:00 Штип УДГ – ГОК Борец (СС Јордан Мијалков)

15:00 Вардар – Јанта Волеј (о.у. Гоце Делчев – Петровец)

19:30 Универзитет во Тетово – Струмица (СС Млади УТ)

19:30 Лирија – Македонија Џио (о.у. Гоце Делчев – Тетово)

20:00 Работнички 71&22 – Веснa Пробиштип (о.у. Н. Георгиева – Дуња)

20:00 Сушево – Шкендија (о.у. Гоце Делчев – Василево)

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

1 КОЛО (САБОТА)

14:00 Вардар 2019 – Наковски Волеј (СЦ Форца)

17:00 Вардар ЕМ – Јанта Волеј (СС Македонски Херои ФФОСЗ)

18:00 Младост УДГ – Работнички (СС Јордан Мијалков)

19:30 Струмица – Фит Фан Волеј (о.о.у. Никола Вапцаров)

ПретходноБарселона на „Ел Kласико“ ќе игра со дресови на кои ќе стои логото на Ролинг Стоунс!
СледноСтефан Ристовски: Во репрезентацијата се случија некои работи, јас имав што да кажам, сега не би сакал понатаму да говорам!